Примопредавањето на предметите од СЈО во државното јавно обвинителство ќе се врши предмет по предмет, соопштува државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.
За ТВ Сител вели дека не очекува процесот да трае долго и дека Обвинителството има капацитет да ги преземе и да постаува соодветно по предметите.
-Примопредавањето ќе се врши предмет по предмет. Не очекувам процесот да трае долго, а обвинителството има капацитет да ги превземе и да постапува соодветно по предметите, вели Јовески.
Јавното обвинителство вчера го прифати барањето на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева да ги преземе предметите на СЈО. Јанева, која е во притвор во КПУ Затвор Скопје-Скопје како осомничена за случајот „Рекет“, во средата даде полномошно сите предмети на СЈО да бидат предадени на Јавното обвинителство. Со полномошното Јанева ги овластува обвинителите во ова Јавно обвинителство да ги предадат на Јавното обвинителство на РСМ предметите кои се водат во ова Јавно обвинителство и тоа: кривичните предмети во судење, во истрага и во предистрага.