Револт кај граѓаните предизвикува поканата од Владата за утрешната прослава на Денот на независноста на Македонија, во која целосно се избегнува споменување на името Македонија, дури и за дегустацијата наместо на македонска традиционална храна пишува храна од нашата земја.

Тоа предизвикува револт и многу коментари на социјалните мрежи.

– Покрај тоа што им е срам да напишат Македонија, срам им е да напишат македонска традиционална храна.
Идентитетот бетон, гласи еден од бројните коментари на Твитер.

Дури и храната од која живееме не е македонска во Македонија!? Боже, до каде не доведе хунтата, коментираат Македонци на социјалните мрежи.