Предвечерие на „8 Септември“. Кога се би било нормално ќе си ја честитавме независноста на нашата татковина, сигурен сум дека еден ден повторно ќе ја славиме. Вечна ќе бидеш Македонијо затоа што кај што тонеш ти извираш, напиша оперскиот пејач Игор Дурловски на својот ФБ профил, споделувајќи ја песната која ја исполнува заедно со пејачката Андријана Јаневска.

-Нека ни е честит 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија!, напиша Јаневска.

Негде ќе те премолчат
негде ќе те сокријат
гроб со гроба ќе покријат
само ти си бесмртна
жива вода подземна
кај што тонеш ти извираш.

Векови пеколни
заедно ќе минеме
древна земјо Македонска
така е пишано, ништо да не бидеме
ти без мене јас без тебе.
Векови пеколни
заедно ќе минеме
древна земјо Македонска
Така е пишано, сестро
ништо да не бидеме
ти без мене јас без тебе.

Може да те одречат
други да те предадат
можат сешто да измислат
само ти си бесмртна
жива вода подземна
кај што тонеш ти извираш.

Векови пеколни…

Впрочем слушнете ја песната:

Нека ни е честит 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија!ЗАВЕТНААндријана Јаневска и Игор ДурловскиМузика: Миле БарбаровскиТекст: Ѓорѓи БарбаровскиАранжман: Андријана ЈаневскаСтудио: ГиновскиПр.изведба: Пепи Бафтировски – 1991 г.Оригинален аранжман: Миле БарбаровскиНегде ќе те премолчатнегде ќе те сокријатгроб со гроба ќе покријатсамо ти си бесмртна жива вода подземнакај што тонеш ти извираш.Векови пеколнизаедно ќе минемедревна земјо Македонскатака е пишано, ништо да не бидемети без мене јас без тебе.Векови пеколнизаедно ќе минемедревна земјо МакедонскаТака е пишано, сестроништо да не бидемети без мене јас без тебе.Може да те одречатдруги да те предадатможат сешто да измислатсамо ти си бесмртна жива вода подземнакај што тонеш ти извираш.Векови пеколни…

Gepostet von Andrijana Janevska am Samstag, 7. September 2019