Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовевски со задоволство би прифатил да биде судија во Уставниот суд. Во интервју за ТЕЛМА тој рече дека секој правник би сакал да ја заврши својата кариера како судија во Уставниот суд.

Сепак, 68-годишниот Јовевски додаде дека сè уште не знае дали ќе биде предложен од соодветната комисија и дали ќе биде изгласан во Собранието. Но, вели дека доколку Собранието мисли оти може да помогне со своето искуство во работата на Уставниот суд, ќе го прифати овој предизвик.