Од утре, вторник (2.06.2020 год) нема да важи бесплатното користење на јавниот превоз за возрасни лица (жени со/над 62 години, мажи со/над 64 години) во вторник, петок, сабота и недела, соопшти денеска ЈСП „Скопје“.
Одлуката доаѓа по неодамнешното обновување на правото на бесплатно возење на пензионерите, а што предизвика критики во јавноста заради опасноста од ширењето на корона вирусот.
ЈСП апелира на рационално користење на превозот и на задолжително носење на заштитна опрема согласно уредбите за заштита од Ковид 19.
Инаку, и скопјани на време апелираа дека не треба да се дозволи бесплатното возење на пензионерите оти постои ризик од ширење на заразата, но немаше кој да ги послуша.