Дуелот од Лигата на шампионите против Аталанта одигран синоќа во Милано, за тренерот на Манчестер сити, Јосеп Гвардиола беше 600-ти во неговата кариера.

На клупата на Манчестер сити, Гвардиола помина 192 натпревари. Најмногу натпревари на тренерската функција има поминато во Барселона – 247 натпревари. Во Баерн беше 161 натпревар.

Четириесет и осумгодишниот шпански фудбалски стручњак во Манчестер сити е од летото 2016 година. Под негово водство „граѓаните“ двапати ја освоија Премиер лигата.