Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо постигна 49 гола во Серија А од доаѓањето во италијанскиот клуб. Според „Фудбал Италија“, Португалецот може да стане првиот фудбалер кој постигнал најмалку 50 гола во лигите на Англија, Италија и Шпанија.

Јувентус вечер од 21:45 часот гостува кај Сасуоло.

Претходно, босанскиот репрезентативец Един Џеко, стана првиот играч кој постигнал најмалку 50 гола во три од насилните пет лиги во Европа. Тој го стори тоа во Италија, Англија и Германија.