Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку во принцип се согласил за трансфер во Јувентус.
Според Goal.com, Белгиецот ги договорил своите лични услови со тимот од Торино и ќе добие 9 милиони евра за сезона, доколку тој премине на стадионот „Јувентус“.
Сепак, за да се постигне овој трансфер, Паоло Дибала мора да се согласи да преземе во насока „Олд Трафорд“. Аргентинецот не е многу воодушевен од ваквата можност и во моментот не дава дефинитивен одговор.
Се проценува дека 25-годишниот Дибала сака премногу висока плата од Манчестер Јунајтед и тоа е главната причина за забавување на трансферот.
Тој во моментов добива 7,5 милиони евра по сезона во Јуве.