Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Златан Ибрахимовиќ, ги советуваше клупските газди да го продадат играчот од средниот ред Пол Погба.

Французинот ова лето повторно е предмет на шпекулации за трансфер, а за него се верува дека се заинтересирани Реал Мадрид и Јувентус.

И самиот фудбалер сигнализираше дека сака да го напушти „Олд Трафорд“ и според Ибра, клубот мора да ја исполни неговата желба.

– Ако тој не сака да остане, нема смисла да го задржат. Ако сака да игра на друго место, нека оди. Искористете ја ситуацијата и донесете играч кој сака да игра овде. Во соблекувалната, играчите се почитуваат едни со други, се разбираат едни со други. Секој клуб треба да се грижи ако има фудбалер кој не сака да биде таму затоа што нема да дава 100 или 200 проценти. Дури и ако игра на ниво, ако не сака да остане, ситуацијата е доста подмолна. Клубот треба да ја најде најдобрата опција во оваа ситуација, рече Ибрахимовиќ.