Апелацискиот суд во Сеул ја зголеми затворската казна за поранешната претседателка на Јужна Кореа Парк Геун-хуе, на 25 години за најголемиот корупциски скандал во поновата историја.

Покрај тоа, Парк треба да плати казна од 15 милиони евра, објави агенцијата Јонхап.

Парк беше вмешана во голем корупциски скандал за време на нејзиниот мандат во 2013 година за што таа беше сменета од функцијата во март 2017. Заедно со нејзината долгодишна пријателка и соработничка Чоиу Сун-сил, Парк побарала од неколку корејски компании да дадат донации во износ од 60 милиони евра. Парите влгувале преку две дубиозни фондации кои ги контролирала Чои.

Апелацискиот суд донесе повисока казна тврдејќи дека Парк примила повеќе поткуп отколку што првобитно се мислело. Поранешната претседателка има рок од една недела за жалба.

Парк (66) не беше во судницата да ја слушне пресудата, зашто таа уште од почеток го бојкотира процесот кој, според нејзина изјава, е политички мотивиран.

Вкупно Парк треба да одлежи 33 години затворска казна, зашто во јули годинава беше осудена на плус осум години за примање поткуп од пораншениот шеф на разузнавањето.