Поранешниот претседателот на Бразил, симболот на левицата, кој е во затвор осуден заради корупција, е најпопуларен политичар – според анкетите за него би гласале 40 отсто од гласачите.

Ова значи дека 57 милиони Бразилци се подготвени повторно да го изберат некогашниот претседател (2003-2010), но тој е осуден за корупција и поткуп во милионски износи.

Од април годинава, освен стражарите и неколку ретки посетители, никој не го видел Луис Игнасио Лула да Силва, кој ја издржува 12-годишната затворска казна. Кон него има забрана за одржување говори, па може само писмено да се обраќа. Иако нема право на глас, тој се кандидирал за претседателските избори во октомври.

Три анкети покажаа дека тој ја ужива поддршката од 37 до 39 отсто од испитаниците. Медиумските написи, кои ова го нарекуваат бразилски феномен, односно бразилско лудило, се прашуваат како е можно Лула да биде толку популарен кога се наоѓа затворен во четири ѕида и не смее да зборува?

„Луѓето го сакаат Лула“, вели членот на Работничката партија на која и припаѓа и Лула.

Тој додава дека Лула е и единствениот политичар кого народото го познава, а другите се реќиси тотални анонимуси.

На второ место во анкетите е Жаир Болсонаро, политичар со екстремно десничарски ставови.