Јужнокорејската разузнавачка служба соопшти дека има индикации дека Северна Кореја и САД го обновиле дијалогот, но нема потврда за конкретни контакти помеѓу Пјонгјанг и Вашингтон.

– Според процентите, самит помеѓу Северна Кореја и САД може да се одржи во кој било момент, изјави јужнокорејскиот пратеник Јун Кун-џонг.

Американскиот претседател Доналд Трамп минатиот месец изјави дека планира да се сретне со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун во текот на годината. Тој нареди и значително намалување на обемот на годишните воени вежби на САД и Јужна Кореја. Трамп и Ким досега имаа три средби во 2018 и во 2019 година.

Јун истакна дека според разузнавачките податоци, Пјонгјанг презема чекори за да ја позиционира ќерката на севернокорејскиот лидер Ким Џу-ае, за негов наследник.

Според процентите на Јужнокорејската разузнавачка служба, мала е веројатноста Северна Кореја да испрати дополнителни трупи во Украина.

Претходно, сестрата на севернокорејскиот лидер, Ким Јо-џонг ги негираше тврдењата на украинскиот претседател Владимир Зеленски дека Пјонгјанг планира да испрати уште 50.000 војници во Русија.