Армијата на Јужна Кореја соопшти дека синоќа привела севернокорејски војник во близина на централниот дел на границата помеѓу двете земји.

Како што јави Јужнокорејската новинска агенција (Јонхап), севернокорејскиот војник изразил намера да пребегне во Јужна Кореја.

Генералштабот на јужнокорејската армија соопшти дека се истражува инцидентот.