Премиерот во оставка Зоран Заев, кој синоќа си поднесе оставка, нема да оди во Белград на 3 и 4 ноември, како што првично беше планирано, на состанок на иницијативата Отворен Балкан.

– Господинот Заев нема да дојде во Белград со оглед на политичката ситуација, изјавиле од кабинетот на Заев за Танјуг.

Оттаму додаваат дека Македонија ќе биде претставена на средбата во Белград, а другиот политички прететсвник ќе биде одреден денеска или утре.

Првично беше планирано македонскиот и албанскиот премиер Заев и Еди Рама да ја посетат Србија на 3 и 4 ноември, на средба по повод иницијативата Отворен Балкан.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој престојува во Глазгов на климатскиот самит, денеска се сретна со премиерот на Албанија, Еди Рама и со македонскиот претседател, Стево Пендаровски.