Во добра клима поминал телефонскиот разговор на Заев и Ципрас, соопштуваат од кабинетот на грчкиот премиер, а по едночасовниот разговор, двајцата премиери се договориле утре наутро одново да се слушнат.
– Премиерот Алексис Ципрас денес напладне имаше телефонски разговор со премиерот на ПЈРМ, Зоран Заев, кој помина во добра клима. Двајцата премиери се договорија да ги завршат нивните разговори за време на нов телефонски разговор во вторник наутро, соопштуваат од кабинетот на Ципрас