Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, кој е сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, повторно се огласи на социјалните мрежи за војната во Украина, велејќи дека таа е веќе добиена, а следна земја е Полска.

– Плановите се грандиозни. Веќе развиваме план за демилитаризација на земјите од НАТО, а прва на ред по заземањето на Киев е Полска. Украина е веќе решено прашање. Заинтересиран сум за Полска, изјавил Кадиров, пренесе босанскиот медиум Аваз.

Чеченскиот лидер и претходно и се закануваше на Полска.

– Ако добиеме наредба, за шест секунди ќе ви покажеме на што сме способни, рекол Кадиров.