Актуелната советничка на премиерот Зоран Заев, Цветанка Ласкова е еден од кандидатите за министерската фотелја во Министерството за култура, објави ТВ Телма.

Според оваа ТВ, сегашниот министер за култура, Асаф Адеми, можно е да ја напушти функцијата, а како причина ТВ ја наведува неговата здравствена состојба.

Според извори на оваа скопска телевизија Адеми веќе втора недела е на боледување и не доаѓа на работа.

Неофицијално, три имиња сега се вртат во круговите на владеачката СДСМ:  Аднан Џаферовски, Цветанка Ласкова и Едмонд Адеми.

Се очекува новиот министер за култура да биде познат по завршување на претседателските избори.

Инаку, Ласкова откако стана советничка на премиерот, во јавноста најмногу се „прослави“ откако нејзината снаа за проект за иновации доби неколку стотини илјади евра буџетски пари.