Близу две третини од граѓаните или точно 72,6 отсто сметаат дека парите од буџетот се трошат ненаменски додека 17,9 отсто сметаат оти трошоците се за потребите на граѓаните, покажува последното истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Сосема се различни перцепциите за тоа на Македонците и етничките Албанци. Дури 80 отсто од Македонците сметаат дека парите од буџетот не се трошат наменски, ваков став делат само 49,4 отсто етнички Албанци, а 30,8 проценти од Албанците велат дека буџетот се троши за вистинските потреби на граѓаните додека ваков став делат само 13,4 отсто Македонци.

Истражувањето на јавното мислење за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1.115 испитаници во периодот од 1 до 4 февруари годинава.