Иако цел живот се занимавал со слонови, Лоренс Ентони стана познат во јавноста дури откако почина. Познат по прекарот „шепотач на слоновите“ поради неверојатната врска што ја имал со овие интелигентни и чудни животни, Лоренс починл во мај 2012 година.

Непосредно откако тој починал на неговиот имот, слоновите почнале да се собираат, поточно две стада кои 12 часа пешачеле по дивината кон имотот.

Познато е дека слоновите по најблиските тагуваат слично како луѓето и во фактот дека дошле да му оддадат почит на него, нема ништо чудно.

Сепак, експертите се уште се збунети, како разбрале слоновите за денот кога „еден од нив“ починал. Она што е уште зачудувачко е тоа што тие ја продолжиле истата практика до ден денес, повеќе од 7 и пол години, слоновите не го заборавија Лоренс.

Тој ги третирал слоновите како деца

Иако имал два сина и сопруга, Лоренс ги третирал слоновите како деца – тој ќе им шепотел нежни зборови додека се грижел за нивните повреди и со гестови и движења, им порачувал дека со него се безбедни.

Во обидот да го „освои“ стадото, тој главно се фокусирал на матријархот, Нана, за да се поврзе со другите слонови. Затоа, Лоренс би слегол низ оградата и ја молел Нана да не ја разбива. Разбивањето на оградата бил нејзиниот обид да избега. Еден ден, Нана одела кон него, речиси го повикувала кон себе.

Тој сфатил дека сака да ја милува, и тоа беше почетокот на нивната неверојатна врска. Колку е близу Лоренс со слоновите, потврдува фактот дека неговото семејство буквално понекогаш морало да ги истерува надвор од дворот, па дури и надвор од куќата, ако тие биле мали па можеле да влезат.

Слоновите се сеќаваат на сè, се памтат

Како тие точно знаат дека 2-ри мај е годишнина од смртта на нивниот пријател, е чудна мистерија, но секоја година тој ден одат по истата патека до неговата куќа.

Резерватот за слонови за кој се грижел починатиот „шепотач“, го наследил неговиот син Дилан, кој ја продолжил неговата мисија да им помогне на овие благородни животни.