Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 16 мај.

Денеска е Преподобен Теодор Осветен.

Теодор беше роден и порасна како незнабожец. Но, како момче дојде до познание на вистината и откако слушна за свети Пахомиј, тајно од своите родители, отиде во неговиот манастир. Свети Пахомиј го прими и наскоро многу го засака заради неговата необична ревност и послушност. По смртта на свети Пахомиј Теодор стана игумен на сите манастири што овој ги основа (свети Пахомиј се слави претходниот ден). Доживеа длабока старост и во мир се упокои во 368 година.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР: Денеска е Св. Полион.

За време на владеењето на царот Доклецијан и Максимилијан кога избувнале прогонствата против христијаните, свети Полион бил изведен пред судот.

Во тие моменти, говорел за христијанскиот морал: “Луѓето треба да ги поправат своите гревови, господарите мора да да постапуваат кон робовите со благост и љубов. Никому не смееме да му нанесуваме зло…” Полион бил запален.