Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 24 декември.

Денеска е Преподобна маченица Евгенија.

Света Евгенија потекнувала од видна римска фамилија. Татко и Филип бил управник на Александрија и цел Египет. Тајно го напуштила домот и, преоблечена како машко, стапила во еден манастир. Подоцна, некоја жена ја набедила дека ја принудува на незаконит однос, па била изведена пред управникот Филип, својот татко. За да се покаже вистината, Евгенија ја открила својата тајна.

Нејзините родители, кои многу и се израдувале, гледајќи го ова чудесно сведоштво и самите по¬верувале во Христа. По некое време Филип пострадал маченички, а останатите од семејството се вратиле во Рим. А во Рим, во 262 година, на денот на раѓањето Христово, маченичкиот венец го прими и света Евгенија.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР: Денеска е Богојавление.

Денеска ги славиме Трите Кралеви: Гашпар, Мелхиор и Балтазар кои дошле да му се полонат на Исус во Бетлехемската штала. Во богојавлениската евангелска порака главен е новородениот крал Исус Христос.

Неговото раѓање го најавила ѕвездата која ги довела мудреците од Истокот, да му го свртат вниманието на Исус и да му се поклонат. Тие свети кралеви биле први претставници на поганскиот свет, кои дошле да му се поклонат на Исус и на тој начин да назначат дека, тој е Спасител за сите луѓе.