Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 1 јуни.

Денеска е Св. Јустин философ и маченик.

Свети Јустин се роди некаде во почетокот на вториот век по Христа, во градот Сихем, подоцна Наблуз, во денешен Израел. По потекло најверојатно беше грк. Тој во своите дела самиот дава податоци за својот живот, а посебно детално го опишува текот на својата интелектуална одисеја во Дијалогот со Трифон. Преминува во христијанството, задржувајќи ја тогата на философ. Го започнува определувањето на односот на христијанството кон философијата воопшто. Помина низ повеќе тогашни философски школи: стоичка, перипатетичка, платонска, но вистината ја најде во верата во Христа, Логосот. Самиот вели дека на неговата одлука посебно влијаело тоа што ја гледал чудната радост на мачениците кога тие умирале за Христа. Пострада маченички за време на римскиот император Марко Аврелиј во Рим.

ОД КАТОЛИЧКИ КАЛЕНДАР: Денеска е Етиопски маченици.

Папата Јулиј Трети во 16 век во Етиопија ги испратил исусовските мисионери. Така започнува т.н. Исусово проповедување на радосните вести во таа земја. Тоа мисионерство и „дало“ осум славни маченици на исусовата дружина на чие чело стои отецот Аполинар де Алмеида, ничејски бискуп. Тој и своите другари биле осудени од етиопскиот цар Фасиладес Втори. Мачеништвото се случило во 1638 година.