Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 15 јуни.

Денеска е Св. пророк Амос.

Пророкот Амос потекнуваше од гратчето Текоа во Палестина. По занимање беше овчар. Како таков Бог го повика на пророчка служба. Го разобличуваше царот Озија и неговите жреци поради идолопоклонството. Кога пред врховниот жрец Амасија и син му го прорече падот на царството под Асирците, како и невољите што го стигнаа самиот Амасија зашто го наведе целиот народ да заборави на вистинскиот Бог, синот на Амасија не издржа и го удри пророкот по главата, така што овој одвај остана жив. Повреден, Амос се врати во Текоа и по неколку дена се упокои.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР: Денеска е Св. Иренеј.

Се претпоставува дека бил роден во средината на вториот век. По потекло бил Грк. Го познавал Светото писмо и првите записи на христијанските писатели (апологети). Ги читал делата на класичната книжевност и записите на некои кривоверци. Својот земски живот го завршил со мачеништво во времето на Септимиј Север и неговите прогонства, околу 203 година.