Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 16 јуни.

Денеска е Св. Тихон Чудотворец.

Живееше во четвртиот и петтиот век. Се роди на островот Кипар, во градот Аматун. Родителите му беа христијани и го воспитаа во Христовиот дух. Уште како млад, Тихон се истакна со својот добродетелен живот. Аматунскиот епископ Мемнон го забележа момчево и го ракоположи во чин ѓакон. А по смртта на Мемнон, свети Тихон беше еднодушно избран за епископ на градот.

Проповедаше меѓу јазичниците на Аматун и на многумина им ја откри светлината на Христовата вера. Неговите напори Бог ги овенча со дарот на чудотворство.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР: Денеска е Св. Петар и Павле.

Поради верувањето во Христос, биле убиени во првото прогонство на христијаните во времето на царот Нерон, во 67 година. На нивните гробови биле изградени христијански цркви. Според црквата, свети Петар живее во ликот на својот наследник, папата, а христијаните секоја недела ги слушаме како ги говорат зборовите од писма на свети Павле.