Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 3 април.

Денеска е Велики Четврток.

Денешниот празник е еден од базичните настани за Црквата. Сега се наоѓаме во средината на Страдалната седмица, седмица која е полна со важни настани за спасението на човекот. Во четвртокот од таа последна недела на Христовиот живот на земјата беше востановена животоносната тајна на Црквата тајната на Евхаристијата.

Таа тајна е востановена во горната соба од една ерусалимска куќа, кога Христос зеде леб, го прекрши и им подаде на учениците, т.е. на апостолите, а зеде и чаша со вино и исто така им ја подаде да пијат, со што ја најави својата смрт и таинствениот трепет што треба да го имаат учениците, зашто по неговата смрт беше јасно дека нешто ќе се случи.

Таа тајна е изворот на целокупното богослужење на Црквата, а нејзиниот централен дел е причестувањето со телото и крвта Христова.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР: Денеска е Св. Бернадика Собироус.

Била родена во 1844 година во Лурд, во Франција. Во 1858 година и се прикажала Мајката Божја. Богородица и рекла дека ќе ја направи среќна, но не на овој туку на другиот свет. Овоземниот живот на света Бернадика како милосрдна сестра бил исполнет со маки и тешкотии. Поради укажувањето на Богородица, таа храбро ги поднесувала. Умрела во Неверс, во 1879 година. Тргнала кон својата небесна Мајка, а таа го исполнила своето ветување. Во 1933 година на празникот Безгрешен зачеток на Благословена Девица Марија, црквата ја прогласила Бернадика за света. Милиони верници кои го посетуваат Лурд се молат на гробот на Бернадика.