Шумските пожари на северот на Калифорнија се најголемите во историјата на таа американска држава.
Околу 1.500 квадратни километри шуми веќе ги проголтаа пламените јазици. Пожарите многу брзо се шират низ Калифорнија и заради сушата и топлите ветришта. А бидејќи горат во исто време се сметаат како еден пожар.
До сега илјадници луѓе се евакуирани, а 75 куќи се пеплосани. Гувернерот на Калифорнија побара помош од Вашингтон за справување со стихијата во регионот.
Пожарите можат да се видат и од Меѓународната вселенска станица. Астронаутот на НАСА, Рики Арнолд, го фотографираше чадот и огнените јазици од МВС.