Иако дехидрацијата може да биде многу опасна по здравјето на човекот, и прекумерното пиење вода може да одведе во болница.

Токму ова им се случило на голем број Данци, кои советите на лекарите да пијат повеќе вода заради топлотниот бран, го разбрале буквално, па отишле во крајност заради што завршиле во болница.

Иако не се наведува точна бројка, медиумите велат, дека исклучителен број Данци завршиле во болница откако испиле екстремни количества вода, објави Данското радио.

Само во регионот на Зеланд во болницата Холбаек биле примени 20 пациенти заради прекумерна хидратација.

-Годинава примивме повеќе пациенти во навистина тешка состојба. Некои дури моравме да ги префрлиме на интензивна нега – изјавија од болницата Холбаек.

Лекарите признаваат дека советите не им биле доволно прецизни, зашто тие особено на возрасните лица им советувале да пијат што повеќе вода. Тоа количество за Данска треба да биде околу 2,5 литри дневно, но не треба да се заборави и на внесување соли и минерали кои се губат со потењето. А, токму загубата на сол од минералите доведува до состојба на стрес и вртоглавици.

Во екстремни случаи прекумерното пиење вода може да заврши фатално.