Производството и продажбата на предмети од животинско крзно ќе бидат забранети во Калифорнија од 2023 година.

Законот, потпишан од гувернерот Гевин Њусом, забранува продажба и производство на облека, чевли и торби од животинско крзно, со што Калифорнија е првата американска држава што воведе ваква забрана, јавува Би-Би-Си.

Исклучок се половните производи од крзно, кожа од крави и елени, овци и кози, како и препарирани животни.

Казната за кршење на законот ќе биде 500 долари, а во случај на повторен прекршок 1.000 долари.

Њусон, исто така, потпиша и закон со кој се забранува учество на повеќето животни во циркус. Законот го исклучува учеството на животни на родеа, и не се однесува на настапите на припитомени кучиња, мачки и коњи во циркусите.

Групите за заштита на животните, кои ја иницираа забраната за производство и продажба на производи од крзно, ја поздравија одлуката на гувернерот.