Протестите против задолжителните вакцини, маски и заклучувањето собраа илјадници демонстранти во канадскиот главен град Отава.

Демонстрантите ја споредија задолжителната вакцинација со фашизам, камион беше украсен со знамето на Конфедерацијата (јужните држави за време на Американската граѓанска војна), а многумина носеа непристојни постери против канадскиот премиер Џастин Трудо.

Протестот на камионџиите и други демонстранти ја принуди полицијата да се подготви за можно насилство и да ги предупреди жителите да го избегнуваат центарот на градот. Собраниските безбедносни службеници ги предупредија пратениците поради информации дека нивните домови може да бидат нападнати.

Премиерот Трудо рече дека ова „проблематично, мало, но многу гласно малцинство Канаѓани кои ја напаѓаат науката, владата, општеството, должностите и советите за јавното здравје“ не е претставник на Канаѓаните.

Вообичаено, кога Трудо е дома, неговата агенда гласи дека е во Отава, но вчера неговата локација беше прогласена за „регион на национален главен град“, поради што се појавија информации дека е преместен.

Некои демонстранти протестираат против барањето од 15 јануари, возачите на камиони кои влегуваат во Канада да бидат целосно вакцинирани. Канада има една од највисоките стапки на вакцинација во светот.

Видеото може да го отворите ТУКА.