Во Франција организираа Конвој на слободата по примерот на протестите на возачите на камиони во Канада.

Возачи на камиони се собраа во неколку градови и се упатија кон Париз. Многумина од нив вееја канадски знамиња. Нивниот план е да протестираат во главниот град против потврдите за вакцинација и забраните за неимунизирани лица да посетуваат одредени јавни места. Конвојот потоа треба да продолжи кон Брисел на протести пред европските институции.

Од Ница заминаа околу 200 возачи. Неколку стотици се собраа и во близина на шпанската граница во градот Перпињан.