КАМПАЊА И КОРОНАВИРУС: И Лукаревска е заразена, ќе оди ли и Спасовски во изолација?

/ 01.06.2020

Откако на својот Фејсбук утрово директорката на УЈП Сања Лукаревска откри дека е позитивна на коронавирус, се поставува прашањето дали и техничкиот премиер Оливер Спасовски ќе оди во изолација поради блиски контакти?

Тие, како што објави Курис, неодамна имаа партиски средби со граѓаните каде делеа флаери, но и заедничка конференција во затворена просторија.

Од денеска и вицепремиерката задолжена за економски прашања Мила Царовска е во задолжителна самоизолација бидејќи минатата недела имала состанок со потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, кој вчера обелодени дека е позитивен на коронавирус.

Таа заедно со други партиски функционери тераше партиска, предизборна кампања додека секој граѓанин стравува за сопственото здравје.

Не држеше ниту дистанца, ниту носеше ракавици, делејќи промотивен материјал и на повозрасни граѓани кои се во најголем ризик од заразувањето.

СДСМ упорно ја турка камањата за избори, а коронавирусот се шири меѓу нивните функционери, членови и симпатизери, а го загрозува здравјето и на останатите граѓани.


Од истата категорија