Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи на неговиот фејсбук профил објави дека денеска бројот на новодијагностицирани со Ковид-19 е уште позагрижувачки и апелира да се почитуваат превентивните мерки.

– Шансите да бидете позитивни или да имате контакт со некој кој е позитивен во последните денови е многу голем. Затоа ве повикувам да се однесувате како да сте позитивни и како секој со кого сте во контакт да е позитивен. Не е потребно многу да се заштитите: не верувајте во теориите на заговор, маската го намалува преносот за 79 отсто, не биди причина за смртта на најблиските, се посочува на Фејсбук статусот на Османи.