Во европска Струмица не треба многу да зборуваме за вредностите на европска Македонија, порача вчера министерката за одбрана, Радмила Шекеринска која одржа средба со струмичани во рамките на кампањата за референдумот и смена на името на Република Македонија.

Како и на останатите средби во другите градови, зад обландата ЕУ и НАТО, се прикрива смената на уставното име на Македонија, за да се прифати капитулантскиот договор со Грција.

– Струмица беше и ќе остане општина која на најбрз, најефикасен и најпаметен начин ги користеше придобивките од ЕУ и нашиот пат кон членство во ЕУ, рече Шекеринска.

Таа додаде дека „на 8 септември 2001 година гласавме за да ја земеме судбината во свои раце, а сега гласаме за да ја зацврстиме нашата државност со членство во НАТО и ЕУ“.

И никаде не спомнува дека цената „за зајакнување на државноста“ е гласање за катастрофален договор со Грција, со кој се продава името на државата, историјата, идентитетот итн.

Посетата на трибината на Шеќеринска во Градскиот парк во Струмица беше катастрофална. Како што некој рече: Таму имаше повеќе шишиња со вода, отколку посетители на трибината. А на Фејсбук, по овој повод, беше објавен коментар:

„Колку е народ алергичен на неа, да се испрати амбасадор во некој земја Македонците или ќе заминат во друга земја или ќе се вратат назад Македонија“.