Канадскиот премиер Марк Карни ја пофали „подготвеноста на САД да обезбедат безбедносни гаранции за Украина“ во рамките на договорот за прекин на војната на Русија против Украина.
– Сигурните и доверливи гаранции се клучни за праведен и траен мир. Ја поздравувам подготвеноста на САД да обезбедат безбедносни гаранции како дел од напорите на ‘Коалицијата на подготвените’, се вели во изјавата на канадскиот премиер.
– Лидерството на претседателот (Доналд) Трамп и на Соединетите Американски Држави создава можност за ставање крај на незаконската војна на Русија во Украина, додаде Карни.