Канал 5 бара ургентна кривична пријава против братот на судијката Оља Ристова, означувајќи го како „опскурен тип“

/ 12.03.2020

До кога ќе се толерираат вакви на социјалните мрежи? Канал 5 бара од Филипче, МВР, ОЈО и другите институции да поднесат кривична пријава против ова лице! Нашата компанија, од вчера кога ни беа доставени информативните спотови од Мин. за здравство, започна да ги емитува истите на секој час. Дополнително, Канал 5 ТВ ги пренесува и ќе ги пренесува сите прес конференции на Г-дин Филипче, истакнува на својот портал и во вестите ТВ Канал 5.

Вакво манипулирање и тенденциозно лажење на јавноста од овој опскурен лик, познат како Боби Илиевски, инаку брат на една судијка од скопските судови,  конечно мора да имаат завршница во овие критични моменти за граѓаните на нашата земја!, велат од Канал 5.

Канал 5 бара, како што впрочем и Министерот Филипче самиот најави, ургентно да се започне кривична постапка против ова лице кое, според нас, намерно и тенденциозно ја лаже јавноста и предзвикува непотребна паника на социјалните мрежи!Крајно неодговорно е да се лаже јавноста, дека Канал 5 не е емитува информативни кампањи со цел информирање на јавноста за проблемот наречен – корона вирус !
Филипче, МВР и ОЈО, вие сте на потег


Од истата категорија