„Стентоград е она што е најинтересно на избориве. Ова е многу битно, ја покрадоа Битола и сега сакаат да направат Стентоград. Ова е цела фасцикла со документи каде што укажува дека за четири месеци, само за четири месеци фирмата „Стентон“ во Битола има добиено 15 милиони евра од тендери. 15 милиони евра од тендери имаат добиено, истакна Aлександар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.
Николоски додаде дека ги имаат добиено тендери дали е од ЕЛЕМ, дали е за изградба на брана Отиња, дали е од Прилеп каде што имаат градоначалник. Значи за четири месеци фирмата има добиено неверојатни 15 милиони евра.
– И сега сакаат како што направија од Струмица Заевград, од Битола да прават Стентоград. Затоа ќе бидат поразени на изборите, нагласи Николоски.