Тони Михајловски, кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ за Куманово е позитивен на ковид-19. Михајловски и покрај тоа што бил вакциниран, се заразил со коронавирус. Тој преку социјалните мрежи соопшти дека ќе оди во изолација во следните 10 дена, а неговиот тим ќе продолжи да работи на терен.

-За жал мора да ве известам дека на моето денешно тестирање од Ковид-19 излегов позитивен, вакциниран и почитувајки ги сите мерките за заштита на моето и вашето здравје сепак дојде до оваа несакана ситуација за секого. Мојот тим е на терен и работи за да ја донесеме долго очекуваната и заслужена промена во Куманово, рече Михајловски.