Сакам да победи Македонија и со вас да играме во вториот круг. Тогаш ќе биде сигурно дека Виена ќе биде преплавена од наши и ваши навивачи, вели поранешниот вардаров играч и хрватски репрезентативец, Игор Карачиќ за 24 Ракомет.

Хрватската репрезентација која имаше перфектен скор по првата фаза на Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска, пристигна во Виена и ќе има два дена одмор пред стартот на дуелите од вториот круг.

Карачиќ, кој се израдува многу при средбата со нас, Макецонците во хотелот, посакува победа на Македонија.

Натпреварот меѓу Македонија и Австрија, кој ќе даде одговор околу патниците во вториот круг се игра вечерва во „Штадхале Арена“ со почеток во 18:15 часот.