Во последниот натпревар од групната фаза на ЕП во ракомет, нашата репрезентација доживеа пораз од домаќинот Австрија и со тоа го заврши учеството на ова натреварување.

На овој натпревар ни беше потребна победа за да се квалификувае понатаму, но за жал нашите реперезентавци освен во првите неколку минути, играа мошне слабо и немаа никаква шанса за победа.

Иако вината за оваа катастрофа можеме да ја бараме во сите изминати десет години од она фамозно првенство во Србија кога бевме петти, сепак, има многу нешта кои можеа да се направат за подобар настап на репрезентацијата, а не беа натправени, за што одговорноста секако треба да ја сноси раководството на РФМ и самиот селектор. Сепак, наспроти „шминката“ се покажа дека репрезентацијата е преголем залак за овој состав на РФМ и за Данило Брестовац.