Единаесет лица кои се вратија од странство, засега се уште се во карантин во воениот Центар за обука Пепелиште.  Оваа информација за МИА ја потврдија од Центарот за јавно здравје Велес.

Епидемиолози на Центар за јавно здравје Велес биле таму уште синоќа, кога пристигнале лицата во карантин.

-Сите се во ред, но денеска се побара од нас повторно да се отиде и да се прегледаат. Нема ниеден сомнителен. Уште еднаш нашата екипа ќе направи теренско извидување, па после тоа ќе видиме дали и каде ќе бидат префрлени, рекоа од Центар за јавно здравје Велес.

Од Центарот за јавно здравје Велес не знаат зошто биле најавени да дојдат 200, а пристигнале само 11 лица во карантин.