Младата каратистка Анастасија Минговска од Кичево синоќа на 24. Балканско првенство за деца во Бања Лука, БиХ во нејзина конкуреција го освои првото место и златен медал.
Минговска е член на КК „Ускана” од Кичево која вчеравечер во конкутенција на 26 натпреварувачи убедливо го освои првото место, успеа да излезе како победник најпрвин во дуелот против претставникот од Турција кого го победи со 3:2, потоа славеше над претставникот на БиХ со 5:0. На третата средба ја победи претставничката од Бугарија со 5:0. Потоа следуваа две средби против нејзини колешки од нашиот национален тим. И во двата натпревари кичевчанката славеше со 5:0. Во борбата за првото место против Марија Бунтеска која го освои сребрениот медал, славеше со 4:1.
Денеска е последен ден на ова Балканско првенството.