Дејан Недев е избран меѓу четирите каратисти кои денес и утре ќе одржат семинар во Куритиба, Бразил.

– Ова е голема чест и признание за нашиот каратист од светската карате федерација ИТКФ. Според програмата СШ ќе се одржи на 6,7 и 8 декември, а за Македонија ова ќе биде 15-то учество на светските шампионати, соопшти Македонската традиционална карате федерација.

Покрај Недев на семинарот свое излагање ќе имаат и: Рикардо Луис Буци-Бразил, Хусто Гомез-Аргентина и Мусат Корнел-Романија, сите повеќекратни светски, европски и панамерички шампиони.