Екипата на Академија Пандев, со победата од 1:0 на гостувањето кај Шкупи на „Чаир“, си обезбеди минимална, но многу значајна предност пред реваншот од четвртфиналето на македонскиот Куп во фудбал.

Струмичани во 93 минута го дадоа голот за победа. Шкендија во Тетово одигра само 1:1 против Работнички, па на возвратниот дуел во Скопје ќе биде интересно. Истото важи и за дуелот на Струга Трим Лум и Ренова, кои денеска на крајбрежјето на Охридското Eзеро, одиграа без голови.

Последниот меч од првиот дуел од четвртфиналето се игра подоцна попладнево, а се среќаваат второлигашите Брегалница Штип и Лабуништа. Реваншите се играат на 4 март.