Контроверзната раперка Карди Би е уапсена откако учествуваше во тепачка во стриптиз бар и е обвинета за физички напад на две келнерки.

Карди Би во стриптиз клубот се појави поради настапот на американскиот хип хоп бенд Мигос, а кога ги здогледала келнерките, сестрите Џејд и Беди Џи, им наредила на своите телохранители да ги нападнат со шишиња, столици и наргиле.

Причината за тоа биле гласините дека Џејд спиела со нејзиниот сопруг, раперот Офсет. И двете сестри се повредени, но одбиле медицинска помош.

“Продолжува да им се заканува, бидејќи смета дека нејзината слава ќе ѝ помогне да се извлече од тоа. Но, не е важно дали тоа го направи Карди Би или Карл Би, ако е направено казнено дело, правда мора да има”, рече за TMZ, Џо Такопина, адвокатот на сестрите.

Ова не е прв пат раперката физички да нападне некој. За време на забавата по повод модната недела во Њујорк на почетокот на септември Карди ја нападна својата колешка Ники Минаж со штикла.