Такер КАРЛСОН, Фокс Њус, 3 јуни 2021 г.

Пред 15 месеци, група кинески научници, дојдоа до заклучок дека новиот корона вирус најверојатно избегал од владината лабораторија во Вухан. Тие тоа го кажаа на најјасен можен начин, а потоа го објавија на Интернет.

Од наша перспектива, ова е неверојатна и важна приказна, а исто така, патем, и сосема веродостојна. И, очекувавме голем интерес во медиумите за тоа. Од каде овој вирус? Се чинеше дека вреди да се знае, бидејќи луѓето умираа. Но, никој не го постави прашањето. Наместо тоа, имаше тишина, обележана само со повремени обвинувања за антиазиски расизам и теории на заговор против оние кои ќе го споменеа тоа.

Така, наводите на кинеските научници стоеја заборавени повеќе од една година, се до пред само неколку недели. Потоа, одеднаш, од причини што сè уште не ги разбираме, сите насмеани морони во американските медиуми го сменија ставот целосно, преку ноќ.

Се разбира, корона вирусот избега од кинеска лабораторија за вируси. Дали навистина мислевте дека доаѓа од влажниот пазар во Вухан? Ви се молам!

Следеше лавина од докази. Волстрит журнал потврди дека првите жртви на КОВИД се чини дека биле истражувачи кои работеле со вируси на лилјаци на Институтот за вирусологија во Вухан. BuzzFeed доби илјадници електронски пораки кои покажуваат дека Антони Фаучи уште од почетокот знаел дека САРС КОВ 2 вирусот можеби е произведен во Кина во опасни експерименти а тој префрлал пари за тие експерименти да плати. Теоријата за вештачки вирус произведен во лабораторија, се покажа, никогаш не била луда. Секогаш била веројатно точна. Па, зошто нè лажеа толку долго време?

Шокантно, магазинот за ѕвезди и славни лица Vanity Fair, одговори на тоа прашање детално. Треба да го прочитате. Накратко, многу научници се финансиски зависни – платени се од доларите на даночните обврзници. Ако јавноста дознаеше колку непромислено се однесувале – загрозувајќи го целиот свет со нивните чудни мали експерименти во лаборатории во Кина – парите можеби ќе пресушеа. Како што изјави поранешен службеник на Советот з анационална безбедност на САД, Џејми Метцл, „ако се дознаеше дека пандемијата започнала како дел од истражувања за создавања вештачки вируси во лабораторија, тоа има потенцијал да и го направи на вирусологијата она што го направи Чернобил за нуклеарната наука“.
А тоа не може да се дозволи, парите мора да течат. Затоа не лажеа. И го застрашуваа секој кој ќе ја зборуваше вистината.
Тоа го вклучуваше директорот на ЦДЦ (Центар за контрола и превенција на болести), Роберт Редфилд, кој доби смртни закани од научници, негови колеги, откако тој во интервју посочи дека вирусот доаѓа од лабораторија. Еве што Редфилд кажа:

РЕДФИЛД: Јас сум на гледна точка и сè уште мислам дека најверојатната теорија за овој патоген од Вухан е дека избегал од лабораторија. Други луѓе не веруваат во тоа. Во ред е. Науката на крајот ќе сфати. Не е невообичаено за респираторни патогени на кои се работи во лабораторија да заразат лабораторискиот работник.

Тој не е некое момче на Твитер. Тој е поранешен директор на ЦДЦ, па затоа би помислиле дека светот ќе застане и ќе постави дополнителни прашања од типот „зошто мислиш така?“ и “каде се доказите?”

Но, тоа не се случи. „Ми се заканија и ме отстранија бидејќи предложив друга хипотеза“, изјави Редфилд за „Венити фер“. “Го очекував тоа од политичарите. Не го очекував тоа од науката”, додаде.
Редфилд се осмели да му фрли ракавица на ставот што го наметна глобалниот научен естаблишмент. Започна на 19 февруари 2020 година, токму кога вирусот стигнуваше во оваа земја и ѓаволски не исплаши.

Тогаш, во едно од водечките научни списанија во светот, Лансет, беше објавено писмо потпишано од 27 научници. Во писмото тие се изјаснуваа категорично и за „век и веков“ дека корона вирусот не потекнува од лабораторија во Вухан и дека ќе мора да бидеш фанатик за да веруваш во спротивното. Тоа писмо, сега знаеме, е организирано од Питер Дашчак, човек што направи се што може за да се создаде уверување дека вирусот доаѓа од некој влажен пазар. Но, Дашчак беше вклучен во истражувањата во Вухан со кои вештачки се создаваа смртносни вируси.

Е-поштата покажува дека Дашчак внимателно избрал други потписници на писмото во Лансет, така што овој очигледно дисквалификуван судир на интереси ќе остане таен. Во еден момент, тој му напишал на друг научник по име Ралф Бариќ, кој исто така работел на истражување за вештачки смртносни вируси во Кина, велејќи му да не го потпишува писмото.

Еве зошто: „Мора да избегнеме да ја поврзат нашата соработка со писмото за тоа да добие на независна тежина “, напиша Дашчак.
Всушност, целата работа беше измама, а сепак успеа. Писмото беше објавено во „Лансет“, а во „Лансет“ сите имаат доверба.

Всушност, самиот Фаучи го цитираше писмото на Дашчак како доказ дека вирусот не бил предизвикан од истражувањето што тој го финансирал:

ФАУЧИ: Ако ја погледнете еволуцијата на вирусот кај лилјаците и корона вирусот што сега се шири меѓу луѓето, се добива силна верба во тоа дека тој не вештачки или намерно изманипулиран, туку мутациите природно се развиле. Голем број на многу квалификувани еволутивни биолози рекоа сметаат дека станува збор за прогресивната еволуција со текот на времето и дека сето тоа силно укажува на тоа дека вирусот еволуирал во дивината, а потоа скокнал на човекот.

Но, Фаучи не е единствениот кој писмото во „Лансет“ го сметаше за Библија. Самонаречените „проверувачи на факти“ го користеа писмото во „Лансет“ за да ги цензурираат сите тие на социјалните мрежи кои спомнуваа можност за вештачки вирус кој избегал од лабораторија. Не може да биде вистина, ако „Лансет“ вели дека не е вистина. 27 научници велат дека не е точно.

Само неколку научници пред сето ова се осмелија да проговорат. Еден од нив се викаше Жил Демануеф. Тој формираше група истражувачи наречена „ДРАСТИК“, кратенка од децентрализираниот радикален автономен тим за пребарување.
Џејми Метцл, наскоро се приклучи на групата. Речиси веднаш, уште во април минатата година, на Метцл му беше јасно дека теоријата за лабораториско протекување не е теорија на заговор. Всушност, таа беше веродостојна.

МЕТЦЛ: Но, мислам дека ако требаше да се обложам само врз основа на прочитаното и логиката, би се обложил дека тоа е најверојатно случајно истекување од лабораторија.

Метцл не шпекулираше. За разлика од официјалните „научници“, тој и ДРАСТИК имаа докази. Откриле дека официјалниот научен консензус бил инструиран од еден извор. Во една прилика, тие откриле дека Ши Женгли – „дамата лилјак од Вухан“ – собрала примероци од корона вирусот кај лилјак, кои биле практично идентични со тој кај човекот. Од каде ги добила овие примероци? Таа ги пронашла во една пештера во провинцијата Јунан во Кина. Неколку рудари беа убиени таму во 2012 година. Таа препознала дека вирусот се преселил директно кај луѓето, без претходно да помине низ животни како домаќини.
Всушност, Кинезите како да го барале најопасниот вирус што може да се пронајдат. Во таа пештера, тие го најдоа. Откако започна пандемијата со корона вируси, Ши Женгли се обиде да скрие дека САРС КОВ 2 што се шири низ светот е практично идентичен со вирусот од рудникот што го собра. Во нејзините записи, таа го преименувала вирусот за да го скрие неговиот извор.

Питер Дашчак потоа објави труд со Ши Жeнгли во кој ги категоризира сите различни видови на корона вируси со кои се соочувале во последниве години. Весникот наброи стотици од нив. Но, некако ги изоставија смртоносните вируси пронајдени во рудникот во Јунан.

Дали тие вируси се значајни? Се чини, Владата на Кина го мисли тоа. Кон крајот на минатата година, новинарите со Би-Би-Си се обидоа да го посетат рудникот за да добијат некои одговори. Кога пристигнале, биле следени од полицајци во цивилна облека. Откриле дека патот до рудникот е блокиран од добро поставен расипан камион. Значи, кинеската влада го прикри ова.

Но, еве го најлошиот и најшокантниот дел ако сте Американец: Некои во американската влада им помогнаа да го прикријат тоа. Тие знаеја дека сето ова се случува. Но, тие ја закопаа и вистината. Бидејќи нивните интереси беа усогласени со интересите на кинеската влада. Кристофер Парк, директор во Бирото за безбедност и непрофилација во Стејт департментот, им рече на истражителите на агенцијата „да не кажуваат ништо што ќе укаже на улога на американската влада во истражувањето за добивање на вештачки вируси“!

Зошто би го рекол тоа? Излегува дека Кристофер Парк бил вклучен во одлуката за 2017 година за укинување на федералниот мораториум за финансирање на истражувањата за добивање вештачки вируси!
Еден од функционерите кој сакаше да ја затвори истрагата беше Крис Форд, вршител на должноста потсекретар за контрола на оружјето и меѓународната безбедност. Поранешен службеник на администрацијата со директно познавање на истрагата ни кажува дека Крис Форд бил брифиран за истрагата за бегство на вирусот од лабораторијата многу порано од декември 2020 година, кога Форд тврди дека прв пат слушнал за тоа Ни рекоа дека Форд сакал истрагата да се затвори. Но, не му беше дозволено од државниот секретар Мајк Помпео. Форд не беше постојан бирократ, тој беше политички назначен, но зборуваше за многу бирократи – од кои многумина, како што ни беше речено, сакаа да ја закопаат истрагата. Не им се допаѓаше администрацијата на Трамп и не сакаа да и даваат поени.

Затоа, тие обвинуваа дека секој што поставува прашања за ова е „теоретичар на заговор“. И во нашата конформистичка култура, тоа е доволно за да се замолчат луѓето. Со други зборови, тие се однесуваа исто како луѓето што ги гледате на ТВ. Исто како тие во MSNBC. Тие не се однесуваа како федерални официјални лица кои се заколнаа дека ќе ги штитат американските животи. Тие не ги штитеа американските животи. Тие го штитеа консензусот и тоа ги загрози американските животи… А, Фаучи? Еве го:

ФАУЧИ: Како што минува времето учиш сè повеќе и повеќе. Мора да продолжите да еволуирате така како што еволуираат податоците и тоа беше она што се обидував да го сторам – секогаш да ја кажувам вистината врз основа на тоа што се податоците и тие никогаш не беа намерно против претседателот … Ако ги погледнете моите е-пошта, јас никогаш не кажа ништо погрдно за претседателот Трамп.