Каролина Хјурикејнс се новите шампиони на НХЛ, по втор пат во својата истоирија.
Ноќеска ги победија Вегас Голден Најтс со 3:0 во шестиот натпревар и со вкупни 4-2 славеа во финалната серија.
Голден Најтс на домашен терен не успеаја да израмнат во финалната серија и да се изборат за мајсторка. Натпреварот се играше во преполната „Ти-Мобајл“ арена во Лас Вегас.
Уште во 3. минута од првата третина Тејлор Хол донесе водство за Хјурикејнс. Во 14-тата од втората Џексон Блејк го дуплираше водството, а точка стави данскиот репрезентативец Николај Илас на празен гол во претпоследната минута од последната третина.
Феноменален беше голманот Брендон Бaси, кој имаше 22 одбрани. Капитенот Џордан Стол беше прогласен за МВП на плејофот, а му беше доделен и трофејот Кон Смит.
Во финалната серија Вегас поведе со 1-0 со триумфот од 5:4 во Рали, Северна Каролина. Во вториот меч на домашен терен Каролина израмни ан 1-1 со победа од 4:3. Потоа серијата се пресели во Лас Вегас каде Голден Најтс со триумф од 5:4 поведоа со 2-1, но потоа Хјурикејс славеа со 5:3 и израмнија на 2:2.
Следуваше меч во Рали каде Хјурикејс дома победија со 4:2 и водство од 3-2, пред ноќеска конечна да го запечатат триумфот.




