Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Касемиро изрази многу интересно мислење за тоа кој е најважниот играч на нивниот голем ривал Барселона.

Според Бразилецот, тоа не е капитенот на Каталонците, Лионел Меси, туку играчот од средниот ред Серхио Бускетс.

– Ние зборуваме за Лионел Меси и Луис Суарез. Порано разговаравме за Нејмар, но за мене Серхио Бускетс е најважниот играч на Барселона. Разговаравме за Шави и Андрес Иниеста, но тие го имаа Бускетс кој ја вршеше валканата работа. Тој е еден од најдобрите споредни играчи од средниот ред, рече Касемиро, цитиран од „Ел Мундо Депортиво“.

Барселона е лидер во Ла Лига, а Реал Мадрид е втор, откако заостануваат 2 бода.