Најмалку 15 лица загинале во олујното невреме кое зафати поголем дел од Кина.

Поплавите, како што јавуваат агенциите, уништиле мостови, блокирале железнички пруги, а евекуирани се илјадници луѓе.

Во провинцијата Гансу на северозапад на Кина е пријавено дека загинале 15 луѓе, додека четворица се водат како исчезнати. Кинеските медиуми наведуваат дека во изминатите неколку дена се излеале 241 река во 24 провицнии.

Метеоролозите и за денес прогзнозираат нови врнежи, а предупредувања за поплави и одрони се објавени за провинцијата Сичуан на југозапад на Кина.

Агенцијата Синхуа истакнува дека повеќе од есет автопатишта во Сичуан се непроодни од поплавите, и ека е урнат мостот на реката Мин, притока на Јангце.