ОБВИНИТЕЛОТ КАКО КАТИЦА НАМЕСТО КАТИЦА, ЕМ ОБВИНУВА ЕМ СУДИ: Јовески ја искара судијката од процесот против Латас

/ 15.07.2019

Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески на денешната прес конференција како да сакаше да ја заменува екс-шефицата на СЈО Катица Јанева и се зафати за коментирање на пресуди од судот.

Иако тоа не смее да го прави, Јовески прокоментира дека судијката која го ослободила Драган Павловиќ Латас, треба да престане да биде судијка.

На обвинителите не им е работа да судат и да одредуваат судии, и покрај тоа Јовески коментира пресуди и бара разрешување на судии.

-Прашањето за ветинг го поддржувам. Вкупното правосудство, и обвинители и судии да бидат подложени на некој проверка. Видовте што стана со последната одлука во делот на противправно градење. Видовте како судијата ја толкува таа одредба и мислам дека на таквите судии не им е место во правосудството и веројатно Судскиот совет во соодветна постапка треба да го испита тој дел. Таму, јас после објавување на пресудата барав и судска праска, а судската пракса во однос на овие дела е сосема јасна. Не се бара ниту записници од инспектори, ниту дали некој пријавил или не. Доволно е лицето да почне да гради без одобрение за градба“ кажа Јовески на денешната прес-конференција за истрагата за уапсените Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милевски – Кичеец, одговарајќи на новинарско прашање за ветинг во правосудството.

Инаку, сличен пристап кон оценка на судии имаше и од денес веќе бившата шефица на СЈО Катица Јанева. Но, по скандалот со медиумски рекет од Боки 13, таа си поднесе оставка.

Не ни треба нова Катица, независно дали е во сукња или во пантолони.


Од истата категорија