Неофицијално, екипа на МВР влегува во некој стан на Катица Јанева на Аминта Трети, поранешна Ленинова во Скопје. Телевизиски екипи од некои национални ТВ се упатени кон местото на настанот, откако МВР наводно им потврдило дека информацијата е точна.

Исто така, неофицијално кружат информации дека и е одземен еден телефон на Јанева, а наводно се врши претрес и во 1 ТВ, која, додека ова трае, емитува некоја руска серија.